Следете нè на:

Авто-мото

ЕЧИ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА СРЕД ИТАЛИЈА: Браво Иџе мајсторе

  • 696 прегледи
Стефановски

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе дојде до победа на патеката „Валелунга“ во рамки на ТЦР-шампионатот кој се вози во Италија.

Стефановски од стартот имаше голем притисок од Џардели и Гвидети, но тоа не беше пречка да ја покори италијанската конкуренција на патеката. Возеше агресивно како и секогаш, влегуваше машки во секој дуел и на секој свиок, па на крај заслужено се радува на првата позиција.

Стефановски во генералниот пласман има вкупно 51 бод и се наоѓа на десеттата позиција од вкупно 27 возачи на листата. Лидер е Ерик Бриљиадори со 115 бода, зад него е Салваторе Тавано со 110 бода, па следи Марко Пелегрини со 108 бода.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Авто-мото