
Британецот на чекор од израмнување на рекордот на Михаел Шумахер.
Имола во целост припадна на Мерцедес.
Хамилтон славеше нова победа, додека Валтери Ботас заврши на позиција два за големо слајве бидејќи нивниот тим веќе победи во натпреварување на конструкторите.
Наскоро својата титула може да прослави и Хамилтон, на само победа е од својата седма титула шампион на Формула 1. Триумфот во Инстанбул во наредната трка тоа ќе му го донесе, без оглед каков пласман ќе оствари Ботас кој моментално е второпласиран.
Пред трката во Емилио Ромањи доста се зборуваше за продолжување на соработката на Хамилтон и Мерцедес, на Луис истекува договорот на крајот на годината, Тото Вулф во шега изјави дека Мерцедес ќе мора да продаде и неколку фабрики доколку сака да продолжи да го плаќа договорот на шампионот која изнесува околу 40 милиони фунти по сезона.
И самиот Вулф најави промена на својата улога, кога Хамилтон е запрашан за коментар, добивме и неочекувано наговестување за пензија.
„Дури не знам дали ќе бидам тука во наредната година па така не се грижам за тоа моментално. Имаме доста длабоки разговори, Тото и јас, знам каде стои психички. Носиме доста тежини на нашите рамења заедно. Јас сум доста долго овде, можам да го разберам доколку сака да застане малку со цел да се посвети на својата фамилија. Што се однесува до мене би сакал да сум овде и наредната година, но нема гаранција за такво нешто. Постојат многу работи што ме возбудуваат во животот после Формула 1, времето ќе каже“, изјави Хамилтон после триумфот на Имола.
Ова го земаме за резерва, самиот Хамилтон пред неколку недели изјави дека сака и го помине рекордот на Шумахер кој изнесува седум шампионски титули. Луис својата седма веројатно ќе ја прослави во недела на 15 ноември во Истанбул – веројатно тогаш ќе добиете и повеќе информации за идните планови.


Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 5 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 5 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
