
Дивизијата на Хонда за развој на перформанси има формирано академија за возачи на ХПД ГТ3 за да им помогне на професионалните тркачи „забрзано да ја усовршат својата тркачка кариера преку тренинг на стазата и надвор од стазата“ поддржано од екипите на Акура и ХПД.
Програмата ќе вклучува сесии за обука на стаза во Акура НСХ ГТ3 Ево од возачи како што се Рајан Еверсли, Кајл Марчели, Марио Фарнбахер и Дане Камерон, додека надвор од стазата ќе вклучува лекции за тоа како ефективно да комуницираат со инженерите на тимот и персоналот, а исто така и како правилно да бараат спонзори.
Џон Витмен, менаџер на комерцијалниот моторспорт на ХПД, изјави: „Оваа програма е природен пат за ХПД, бидејќи видовме раст на програмата НСХ ГТ3 Евo и изобилство на таленти кои доаѓаат преку развојната турнеја и сериите за спортски автомобили.
„Ние ќе сториме се за да обезбедиме уникатна програма за обука што може да им помогне на возачите во целост да се подготват за натпреварот ГТ3“.
Програмата е достапна само со апликација и е ограничена на четири студенти годишно. Програмата ќе вклучува најмалку четири настани на стаза во 2020 година, со почеток на Себринг Рејсвеј во Февруари. Секоја сесија на стаза ќе ја води тимот на Рејсерс Еџ Моторспорт, кој со возачите Мартин Барки и Кајл Маркели, го освоиле првенството СРО Ворлд Челенџ ГТ Про / Ам во 2019 година.


Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 6 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 6 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
