Авто-мото
Уживање за Ф1 Сладокусците – Подгответе се за најдолгата сезона!
-
-
by
Panche Krsteski - 116 прегледи

Четири месеци до почетокот на новата сезона на најбрзиот циркус.
Светската автомобилска федерација (ФИА) го потврди денеска календарот за најдолгата сезона во Формула еден во историјата.
Ќе се возат дури 23 гран при, со вообичаен почеток во Мелбурн на 21 март.
Сезоната ќе заврши на 6 декември во трката во Абу Даби.
Календарот ќе зависи и од мерките кои ќе се донесат во текот на пандемијата на коронавирус.
Формула еден соопшти дека е уверена дека се ќе оди по план.
Непознато е трката зажанана за 25 април, која треба да ја организира Виетнам, а чиј домаќин се уште не е одреден.
Трката во Ханој сè уште не е официјално откажана, но нема да се одржи и ќе ја замени некоја друга стаза.
Главни кандидати се Истанбул парк, португалски Портимау и легендарната страза Имола.
Како организатор во 2021 ќе дебитира Саудиска Арабија, која во Џеда ќе организира улична трка на 28 ноември.
Трките во Формула еден по ред ќе се возат во Австралија, Бахреин, Кина, потоа на непозната локација наместо Виетнам. Потоа следи Монако, Азербеџан, Канада, Франција, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Холандија, Италија, Русија, Сингапур, Јапонија, САД, Мексико, Бразил, Саудиска Арабија и на крајот Обединетите Арапски Емирати.


Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 5 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 5 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
