Следете нè на:

Фудбал

Агонија на Милан со договорите: Наместо потпис, само одложувања

  • 1689 прегледи

Се уште нема ни знаци дека некој од водечките играчи ќе го обнови договорот.

По завршување на репрезентативната пауза Милан се враќа на натпреварувачките обврски во Серија А, со намера да остане жив во шампионската трка и на крајот сепак да го заверат пласманот во Лига на шампионите.

Додека екипата се спрема за наредниот дуел против Сампдорија за во сабота од 12:30 часот, спортскиот сектор непрекинато работи на реализација на зацртаните планови, но во текот на двонеделниот период не дојде конкретен резултат.

Во миланските медиуми се пишува за агонијата на Милан на два месеци пред крајот на сезоната со новите договори со носителите на играта.

Конкретно се мисли на Џиџо Донарума, Франк Кеси, Хакан Чалханоглу, па дури и Златан Ибрахимовиќ.

Директорот Паоло Малдини и неговите соработници пробаа да направат добра зделка, но безуспешно.

Поготово безуспешни беа обидитите за се „врзи“ Донарума.

Милан тиде преку сите граници и прво нудеше на суперталентираниот голман 6 милиони вра основна плата и уште милион евра за премија, па тогаш уште еден милион евра на име основна плата со уште дополнителни бонуси, но агентот на Донарума ги одби двете понуди и од клубот бараше невозможни – 12 милиони евра. Од кои 10 милиони евра како основица, останатите во бонуси.

Донарума со Росонерите има договор до крајот на сезоната, наводно веќе неколку европски гиганти спремаат да тргнат во лов на еден од најперскивните чувари на денешницата, а меѓу нив се Јувентус, Челси, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

На чекање е и Хакан Чалханоглу. Преговорите со агентот на турскиот креативец трае буквално уште пред што сезоната што почна и никако двете страни да се „пронајдат“.

Милан нуди 3.5 милиони евра, застапникот на Чалханоглу бара 5 милиони евра плус бонуси, што клубот моментално не може да му понуди.

И Чалханоглу има важечки договор до лето, што ги доведува Росонерите во опасност, бидејќи интересот од повеќе страни постои, поготово од платежно моќните клубови од Премиер лигата.

Најмала фрка е околу статусот на Франк Кеси. Доверливиот играч за врска има договор на уште година дена после ова лето, па така со него моментално нема брзање, но во Каса Милан сакаат и неговиот потпис да се случи што побрзо.

Меѓутоа, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска нема намера да брза со изборот, а наводно неговите застапници барале дури 5 милиони евра, додека сегашниот договор му е „тежок“ 2.2 милиони  евра, плус бонуси.

На крајот, никој не знае што ќе биде со Златан Ибрахимовиќ. Сите во Милан се надеваат дека ќе остане, но Златан иисто така бара време да размисли за се поради своите години.

Кај него не постои проблем со агентот или со платата, веќе се се сведува на неговата желба дали да ја продолжи кариерата.

Милан го чека многу предизвикувачко лето.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал