Следете нè на:

Фудбал

Атлетико подготви изненадување за Симеоне вредно 100 милиони евра, колку е реално?

  • 79 прегледи

„Јорганџиите ја следат ситуацијата.

Шпанските медиуми брујат за неверојатна трансфер „бомба“, а во главна улога не се ни Реал Мадрид ни Барселона, веќе – Атлетико.

„Јорганџиите“ имаат амбиција да го ангажираат фудбалерот на Манчестер Сити Рахим Стерлинг, пишува Ел Гол Дигитал.

Пеп Гвардиола наводно дал зелено светло за продажба, но не по секоја цена бидејчи парите ќе бидат пренасочени на нови засилувања.

Се зборува за сума од 100 милиони евра, но и голема конкуренција во вид на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен кои во овој момент сепак се платежно помоќни.

Атлетико пробува да собере пари прво благодарание на потенцијалната продажба на Виторо за кого заинтересиран е Вест Хем, а можеби и Жоао Феликс кој беше многу скапа инвестиција при доаѓањето од Португалија.

Во црвено-белиот дрес на Мадрид настапува уште еден репрезентативец на Англија Киеран Трипие кој сосема сигурно ќе има задача да „подготви терен“ во разговор со соиграчот од националниот тим.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал