Следете нè на:

Фудбал

Австриец на чекор од Милан?!

  • 469 прегледи

Австриецот пред предизвик на кариерата.

Австрискиот фудбалер Флоријан Грилич е на пат да го оствари најголемиот трансфер во кариерата и да го засили италијански Милан, а зделката е блиску до реализација доколку се знае дека договорот со Хофенхајм му истекува наредното лето.

Повремениот репрезентативец на Австрија игра централен играч, а бидејќи Милан има проблем околу повредата на Кеси, јасно е дека спортскиот директор Паоло Малдини брза да ја заврши ова зделка.

Грилиш во Хофенхајм стигна во јануари 2017 година, а претходно две години играше за Вердер од Бремен каде како тинејџер стигна од Австрија.

Останува двете страни да се договорат околу оштетата, а според пишувањата на австриските медиуми, Хофенхајм бара меѓу 10 и 12 милиони евра.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал