Следете нè на:

Фудбал

Барса, дали и новиот напаѓач мора да биде Холанѓанец?

  • 107 прегледи

Традицијата продолжува? Ќе видиме во наредните десетина дена.

Барселона и понатака чека, спортскиот сектор е уверен дека во последниот ден од преодниот рок ќе се појави некоја лоу-кост опција за нападот. Имено, Куман сака уште еден шпиц, класичен шпиц и неговиот сонародник Лук Де Јонг се вклопува во тоа.

Овој многу искусен фудбалер, легенда на ПСВ не се прослави за две години во Севиља, даде само десет голови. Додуша 30-годишниот фудбалер имаше доста проблеми со повредите. Сега Андалужаните го доведоа Рафа Мир и сакаат да се ослободат од Де Јонг, го нудат на Барса, но нема одговор.

И самиот фудбалер кој за „Орање“ одигра блиску 40 мечеви и кого Куман добро го познава и не би имал ништо против да се пресели на „Камп Ноу“. Тој има понуда од Вест Хем (во ПЛ одигра десет мечеви за Њукасл, не се запиша), но не може да му побегне враќање во ПСВ за којшто во пет години даде блиску 100 голови, освои и и три титули шампион. Всушност, кога тој замина, Ајакс ја започна својата доминација во првенството.

Холанѓаните од Кројф доминираат во Барса кога странците се во прашање и самиот Куман е легенда на клубот, а во овој момент во своите редови Каталонците ги имаат Депај и Де Јонг, Американецот Дест кој исто така ја помина холандската школа на фудбал.

Барселона синоќа само ремизираше против Билбао, беше 1:1, сега веќе се споменува како потреба доведување на напаѓач после заминувањето на Меси и тешката повреда на Кун Агуеро.

Кога се холандските напаѓачи во прашање, во Каталонија после Кројф играа Нескенс, Овермарс, Клајверт, заборавениот Афелај како и синот на Кројф Жорди.

Најдобар после Кројф секако беше Клајверт кој постигна најмногу голови од сите Холанѓани, 122 во 257 настапи за клубот.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал