Следете нè на:

Фудбал

Барса има недела дена да продаде петмина, се знае кој е најголем проблем

  • 117 прегледи

На Каталонците истекува времето.

Жоан Лапорта вети голема реконструкција и радикални промени, но џабе кога во екипата претплатените играчи се заштитени со јаки договори.

Најголем проблем претставува Самуел Умтити кој денеска наводно официјално потврдил дека нема да ги слуша понуди и дека не сака да замине. Тоа го налути Лапорта, кој порано му се закануваше дека ќе биде на трибините цела сезона, но на Умтити не смета да заработи уште 12 милиони и да не одигра ни минута.

Следен е Миралем Пјаниќ, со него ситуацијата е подруга, бидејќи за разлика од Умтити и понатака има амбиција да се докажува и да игра фудбал. Тој има пет понуди од Италија, ја чека најдобрата.

Мартин Брајтвајт и понатака е на трансфер листа, иако беше стартер во првите две кола. Сепак, кога ќе се вратат Агуеро, Ансу Фати и Дембеле, Данецот ќе падне во втор план. Барса се надева на понуда од 15, 16 милиони евра, но проблем претставува и Брајтвајт кој сака да остане и да се докажува. Тој сепак не е ни блиску голем проблем како Умтити, бидејќи Данецот има четири пати помала плата од Французинот.

Потоа тука е и резервниот голман Нето, кој истотака сака да замине, но Барса бара минимум 15 милиони евра, колку што е потребно да го исплати и „амортизира“ неговиот трансфер во прочуената трампа со Валенсија каде Силесен замина во спротивна насока.

Капитенот на Барселона Б Алекс Кољадо исто така е спремен да замине, Куман му даде до знаење дека Јусуф Демир има предност и тој чека понуди од Ла Лига, да замине на позајмица и да се докажува.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал