Фудбал
БОМБА! Од Јувентус преку Баерн до Милан? Што планираат „Росонерите“ до крајот на преодниот рок?
-
-
by
Panche Krsteski - 2643 прегледи

Работите се приведуваат на крај, што може Пиоли да очекува во борбата за титула?
Новите информации ја разгореа фантазијата на навивачите на Милан.
Имено, Росонерите преговараат со Јувентус со цел да го доведат Даглас Коста. Бразилецот е во Баерн, не се прослави, вториот претстој меѓу Баварците не донесе ништо, а тие го известија Јувентус дека нема да го откупат Коста.
Тој би ја прифатил понудата на Милан, но има голема плата. Сепак, Росонерите се обидуваат да го убедат да ги намали апетитите, но, и самиот Јувентус не е сигурен, во прашање би била позајмица со можен откуп, но постои и варијанта за купувањето да биде автоматски активирано, ако Даглас Коста одигра одреден број натпревари и се исполнат некои услови поврзани со голови и асистенции.
Тој би бил многу подобра опција од Товин. Милан во случај да го доведе Бразилецот ќе мора да се ослободи Кастиљехо, веќе стигна Фикајо Томори за одбраната, нема да има големи промени.
Охрабрување е опоравувањето од повреда на Бенасер, тој за викендов ќе биде на клупа против Болоња каде Милан не загуби 18 години. Но, ќе брка победа, потребна им е сигурност после неколку слаби резултати, односно пораз од Аталанта и елиминацијата во купот од Интер.


Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 5 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 5 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
