
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор Ангеловски денес го победија Косово со 2:1.
Добро започнавме од самиот старт, имавме игра и напаѓавме. Таквата игра се исплатеше веќе во 16. минута. Стефан Ристовски шутираше, а топката од ногата на Алити заврши зад грбот на Муриќ.
Косово немаше некоја игра, но успеа да ја казни нашата лоша комуникација во одбраната. Не се разбра Димитриевски баш најдобро со соиграчите, тоа го искористи Хадерѓонај кој испрати удар и го лобуваше нашиот голман.
За наша среќа само четир минути подоцна стигнавме до ново водство. Барди од еден слободен удар испрати одлично нафрлување, а тоа го искористи Дарко Велковски кој со глава го матираше Муриќ.
Во вториот дел следевме помирна игра, најголемите шанси за погодок ги имавме ние. На Пандев му беше поништен гол поради офсајд позиција, а капитенот потоа со еден удар во свој стил на маки го стави Муриќ кој сепак успеа да одбрани.
Косово во самиот финиш можеше да дојде до изедначување, но Димитриевски одлично реагираше.
За историски пласман на едно Европско Првенство на Македонија и останува уште да ја победи Грузија во финалето. Тој натпревар ќе го играме на гостински терен.


Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 6 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 6 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
