Следете нè на:

Фудбал

Четврто големо НЕ на Мбаспе, замената мора да одекне!

  • 29 прегледи

ПСЖ не смее да дозволи исто така да не доведе адекватна замена.

Килијан Мбапе ја одби и четвртата понуда од Пари Сен Жермен околу обнова на договорот, бидејќи сон му е да заигра за Реал Мадрид.

Ова вест ја пренесе денеска шпански Куатро, кој тврди дека повеќе нема дилеми дека Мбапе ќе го напушти Париз ова лето, бидејќи јасно стави до знаење со негативен одговор по четврт пат, дека не сака да остане во клубот.

Реал Мадрид нема конкуренција, порано се споменуваше Ливерпул, но само на кратко, „кралскиот“ клуб буквално има отворен пат до потпис со феноменалниот Французин.

Мбапе судејќи според се процени дека со Парижаните ги достигна сите лимити, ги освои сите можни трофеи, стигна до финале на Лига на шампионите и тоа ќе биде единствен трофеј кој ќе му недостасува.

На големо се шпекулира за негова замена, Лионел Меси и понатака останува мета број еден, Парижаните стрпливо го следат развојот на ситуацијата и спремни се да понудат  на капитенот на Барселона богат тригодишен договор. Меси засега не донесе никаква одлука, фокусиран е на борба за титула во Ла Лига.

Второ име е Мохамед Салах, кој повторно се појави во прв план. Египќанецот наводно е незадоволен на „Енфилд“, тој верува дека и тој и тимот го достигнаа врвот во 2019 и 2020 година и дека е време за нови предизвици.

Тој нема да има многу понуди на маса, Барса и Реал немаат пари да го донесат, ниту Салах е примарна цел. ПСЖ во тоа гледа шанса и сигурно ќе се обиде да го донесе во случај Мбапе да замине, а на Нејмар очајно му треба нов соиграч во нападот.

Кој е вистинско решение, кој ќе биде бомба на Парижаните ако Мбапе замине ова лето?

Едноставно, невозможно е да не доведат никој и да останат со Нејмар, Икарди и Ди Марија.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал