Следете нè на:

Фудбал

Црвено –црна револуција, Милан ќе се презива на „иќ“, ова никогаш не се случило!

  • 5297 прегледи

Милан прави „бум“, екс-ЈУ во мало, кој ќе ги претставува Србите?

Во Милан се елиминирани од Европа, остана еден фронт, Серија А, титулата реално е далеку и сега само една цел, да сочуваат место во топ 4 и после седум години да се вратат во Лига на шампионите.

Јасно, без тие пари од Европа, работите ќе се поместат на почетна позиција, неколку чекори назад, поради тоа треба да се победува, веќе овој викенд гостуваат на Фиорентина, каде нема да биде лесно, поготово бидејќи ги чека првата желба, Душан Влаховиќ.

Србинот е еден од најбараните играчи на Апенините, легендата на Милан Роберто Донадони вели дека клубот се мора да направи со цел да го земат Србинот. Фиорентина се предомислила, ги прифаќа условите на Влаховиќ, за практично да му ја триплира платата, но Милан е предизвик.

Би растел со својот идол Златан Ибрахимовиќ кој ќе остане уште една сезона, а Милан планира уште еден играч од Балканот.  Во прашање е Влашиќ, момче  кое соевремено од Хајдук се пресели во ПЛ, Евертон не го истрпи, заигра во ЦСКА и сега е на мета на „Росонерите“.

Во Русија игра одлично, Никола Влашиќ е помладиот брат на легендарната атлетичарка Бланка Влашиќ, иако е играч за врска, даде 29 голови за две години во Русија што навистина е податок за голема почит.

Навивачите на клубот го прогласија за играч на годината, стандарден репрезентативец на Хрватска, а наводно Русите би го пуштиле за околу 30 милиони евра.

Ибрахимовиќ, Влаховиќ, Влашиќ, можеби и ако остане Круниќ денеска со право се вели дека Милан може да се нарече Миланиќ, со оглед на бројот на играчи од бивша Југославија, или подобро речено со потекло од овие простори.

Кога е Донарума во прашање и понатака нема договор со Раиола, во случај ако Џиџо сепак замине, што е малку веројатно, бидејќи негова желба е да остане, прва мета би бил одличниот Хуан Мусо, Аргентинец од Удинезе, кој го сака и градскиот ривал Интер. Со него се споменува и Аудеро, некогаш трет голман на Јувентус, момче од Индонезија кој брани за Сампдорија.

Емил Аудеро инаку по мајка е Италијанец, и по неа и носи презиме, а бранеше и за младата репрезентација на Италија.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал