Следете нè на:

Фудбал

Донарума искрено за Навас: Го почитувам, но овде сум за да бранам!

  • 131 прегледи

Не сака да биде замена.

Џанлуиџи Донарума дојде меѓу Светците ова лето, како едно од првите засилувања од најсензационалниот преоден рок во Париз.

Меѓутоа, како ПСЖ веќе има искусен и многу добар голман Кејлор Навас, се наметна прашањето кој ќе биде прв голман на тимот?

Логично е да се очекува најдобриот фудбалер на Европското првенство да го тргне Навас од мрежата на Парижаните, иако се шпекулираше пред неговото доаѓање дека тоа нема да биде случај.

„Сакам да станам еден од најдобрите голмани во светот и за да се постигне тоа потребно е жртвување и понизност.  Да се биде скромен е најважно. Дојдов во Париз да бранам. ПСЖ ме сакаше и јас го сакав ПСЖ. Го почитувам Кејлор Навас, голем голман е, но не се плашам да се натпреварувам, тоа е добро за напредување. Овде сум за да бранам“, рече Донарума.

Искрен е италијанскиот голман, кој се уште не дебитираше за Пари Сен Жермен во Ла Лига.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал