Следете нè на:

Фудбал

Фиренца на нозе, казнет виновникот за смртта на Астори!

  • 43 прегледи

Мислењата ќе бидат поделени.

Некогашниот спортски советник во Фиорентина Џорџо Галанти е осуден на едногодишна условна казна затвор поради смртта на некогашниот капитен на Виолетовите Давиде Астори, кој почина во ноќта меѓу 3 и 4 март 2018 година.

Астори почина под нерајаснети околности во моментите кога неговата екипа трабеше да игра првенствен дуел против Удинезе.

Галанти во тое време беше и директор на Центарот за спортска медицина во Фиренца, а на терет му става што последен стави потпис на серетификатот за работа со професионален спорт.

Тој не е задоволен од оваа одлука, но ќе има начин да се справи, бидејќи италијанското судство минува низ постапка во три фази.

„Го известив клиентот за казната и тој е шокиран. Ова одлука става горчлив вкус во устата, ќе работиме на жалба“, рече адвокатот на Галанти.

Нема сомнеж дека вистинска борба за правда допрва претстои во четвртата година откако Фиорентина остана без легендарниот капитен.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал