Следете нè на:

Фудбал

Флоренци: Милан ме сакаше повеќе од другите

  • 97 прегледи

Искусниот италијански репрезентативец Алесандро Флоренци стигна во Милан и потпиша за славниот клуб од Сан Сиро.

„Мене пред се ме привлече таа желба Милан да потпише со мене. Ме сакаа повеќе од било кој друг, вклучувајќи и тимови од странство, па сакав да влезам во ова со голем глад и одлучност. Едвај чекам да излезам на терен“, рече Флоренци за Милан ТВ.

Го пофали ленгендата на Милан Паоло Малдини, кој работи одлична работа на позиција директор.

„Денес, за прв пат, навистина го вкусив тоа што го претставува Паоло Малдини. Тој е легенда на овој клуб и има аура слична на Франческо Тоти или Даниеле Де Роси во Рома. Таквите типови се недопирливи, не само поради тоа што го даваат на своите клубови, веќе и целиот италијански фудбал“.

Флоренци го избра дресот со број 25 во Милан бидеќи ме „потсетува на среќно искуство“.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал