Следете нè на:

Фото

Французите го открија планот – Меси денес во Париз?

  • 154 прегледи

Аргентинецот стигнува на прегледи.

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси ќе се упати за Париз, после прошталната конференција во Барселона, каде во попладневите часови ќе одработи лекарски прегледи, а потоа во понеделник ќе биде претставен како засилување на Пари Сен Жермен, пренесува Л`Екип.

Меси денеска не сакаше да ги открива на конференција своите понатамошни чекори, потврдувајќи дека постои интерес од францускиот вицешампион, но очигледно дека добро информирани извори на познатиот весник знаат уште нешто повеќе.

Да потсетиме, иако делуваше дека зделката окилу обновување на соработката е готова, обелоденето е во четвртокот дека Меси нема да го продолжи договорот со саканиот клуб.

Ден подоцна на таа конференција за новинарите потврди претседателот Жоан Лапорта, а веќе тогаш можеше да се навести дека единствена вистинска дестинација за Меси е клубот од Паркот на Принцевите.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фото