Следете нè на:

Фудбал

Гвардиола ја затегна одбраната: Кога ја имаш топката не можат да ти дадат гол

  • 60 прегледи

Шпанскиот експерт во опширно интервју за Скај зборуваше за причините поради што одбраната на Манчестер Сити изгледа дека подобра од било кога пред неговиот мандат.

Кога Тотенхем на средината на ноември го совлада Манчестер Сити делуваше дека Граѓаните втор пат по ред сезона ќе останат без титула во Премиер лигата. Точно е дека тоа беше осми натпревар на тикмот од Манчестер во првенството, но дотогаш имаа само три победи. Првата на стартот против Вулвси, а потоа и две минимални против ужасниот Арсенал и уште полошиот Шефилд Јунајтед.

Се мачеше. Впрочем, во фудбалот  погодем од пандемијата се мачеа и други островски екипи, но впечаток е, никој како Граѓаните.

Меѓутоа, во последните два месеци – препород. Како да не се работи за истата екипа. Причината за реинкарнација во првенството лежи во црвстата одбрана. На последните девет натпревари во Премиер лигата екипата на Пеп Гвардиола прими еден гол, а и тој дојде во судиското продолжение на мечот, кога Сити веќе одамна го осигура триумфот. Како од ова дистанца ќе се каже дека Челси во тој јануарски меч влезе со ист број на бодови.

И покрај рекордните 13 победи во низа во сите натпреварувања, Гвардиола истакнува дека и понатака се бори со поедини прашања кој фудбалот во пандемија ги донесува со себе. Факт е дека Сити профилира како главен кандидат за титула. Делува толку импресивно за секој да се запраша – што одеднаш се случи на Итихад. Изгледа малку од тоа, бидејќи Гвардиола во интервјуто за Скај Спортс истакна дека се е резултат на долгогодишната континуирана работа. Статистиката вели дека Сити помалку изглегува во пресинг отколку порано, но шпанскиот стручнак категорички го одбива тој податок.

 „И понатака играме на 60 метри од нашиот гол. Понекогаш преку страните, некогаш низ средината. Зависи од противникот. Причината за тоа е да играме подобро, не да се браниме подобро. Причината поради која нашата одбрана е толку добра е затоа што 67 % од времето ја имаме топката во посед. Главниот предуслов е да имаме топката кај себе“, истакна Гвардиола во интервјуто за Скај Спортс.

Како тоа Сити не играше идентично и минатата сезона?

„Фудбалот не е А, Б и Ц. Тоа што функционираше минатата сезона нема нужно да го работиме и ова. Тоа што не функционираше минатата сезона, може да функционира сега. Отворено е, се движи, како животно, се развива. Понекогаш се движи на овој начин, понекогаш на некој друг“.

Поседот е, значи, и понатака еден од клучните причини за добрата игра на Сити?

„Се додека ја имаш топката кога е тоа можно, противникот нема да ја има. Нормално, противникот може да постигне гол од прекин или контранапад, но што повеќе ја имате топката во посед, поголеми ви се шансите и да постигнете гол. Можеби еден ден да ги променат правилата, но да постигнеш гол потребна ти е топката“.

Не е сепак поседот на топката единствена тајна за препородот на Сити. Долго, практично откако стигна во Манчестер, Гвардиола се мачеше да склопи и уигра одбрана по желба. Потсетувајќи на своите мандати во Барселона и Баерн, ја нагласува неговата улога во освојувањето на титулата. Кога ги освојуваше првенствата во Шпанија или Германија, неговата дефанзива прими најмалку голови.

„Не можете да освоите титула, посебно во Премиер лигата или Бундеслигата, доколку примате многу голови. Минатата сезона примивме многу голови од обично и не се адаптиравме добро на некои работи, но ако го погледнете бројот на примени голови во Манчестер, Минхен и Барселона, секогаш беа малку. Малку, малку, малку. А го направивме тоа бидејќи игравме на 50 или 60 метри од својотгол и секогаш бевме стабилни во дефанзивата. Не сакам да примам голови и сакам да постигнам многу. Тоа е она на што работиме со добри, квалитетни играчи кои сакаат да ја имаат топката“.

И покрај примарното спротивставување, признава  Гвардиола дека нешто, сепак, променил во Сити. Граѓаните дозволуваат помалку стопроцентни шанси на ривалите отколку во било која сезона на Пеп на Итихад, успевајќи да ги исконтролираат противничките контри отколку порано. Од тие кои на стартот на сезоната „масакрирале“ Лестер и Лидс, а на идентичен начин примиле и гол против Тотенхем. До овој момент последни во сезоната, и од тогаш се непоразени.

„Кога играте на 60 метри од својот гол тогаш да ги контролирате контранападите е многу важно. Некогаш тоа не е можно поради противничките играчи, но ако ја користиш топката на вистински начин и не правиш грешки, ќе примиш малку голови. Поради тоа и примаме помалку голови. Четворица во одбраната, неважно кој игра,  многу се цврсти. Не прават грешки“.

Кога сме кај нив, Сити ова сезона прави многу помалку грешки кој водат до противнички шутеви отколку од било која од претходните четири сезони на Гвардиола во Сити. Резултатот на тоа е индивидуални, но и тимски напредок, за кој во голема мерка заслужен е и на Рубен Дијаз. Португалецот од доаѓањето оствари немерливо влијание на играта на соиграчите околу себе, идентичен како и Виржил ван Дајк соевремено по доаѓањето во Ливерпул.

Се горе наведено значи дека Манчестер Сити денеска стигнува полн со самодоверба на Енфилд. Таму каде што Пеп никогаш не славеше.

„Така е, но ако мислиме само на тоа, ќе заборавиме да играме. А кога ќе заборавиш да играш, само се адаптираш на играта на другиот тим. Нормално, Ливерпул е многу опасна екипа, но мене ме интересира ние што ќе направиме“.

а принципите до кој Гвардиола се држи речиси никогаш не се менуваат.

„Сакам да влегувам во секон натпревар потсетувајќи ги играчите зошто станале фудбалери, а тоа е играње со топка. Тоа е глупо, едноставно, што вие сакавте да го кажете. Ги организирам своите тимови од првиот ден на овој начин. Се трудиме тоа да го работиме на одреден начин. Во основа, ја сакаме топката. Важни се резултатите. И вашите принципи, вашите тренерски основи. Начинот за кој верувате дека е најдобар морате да го оставите ист со цел да помогне на ова организација – Манчестер Сити – да стане најдобар можен клуб“, заклучи Гвардиола

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал