Следете нè на:

Фудбал

Гвардиола никогаш не бил вака моќен: Можеби Едерсон да почне да изведува пенали

  • 54 прегледи

Стратегот на Сити е презадоволен после долго чеканата победа.

Ја тренираше Пеп Гвардиола таа анталогиска Барселона со која два пати ја покори Европа. Водеше и моќен Баерн кој во Германија речиси да не имаше конкуренција. Но никогаш досега во тренерската кариера не успеа да нанижи 14 победи во домашното натпреварување. Вечерва тоа му успеа со Манчестер Сити со демолирање на Ливерпул на Енфилд.

А победата е уште послатка бидејќи му е прва во тренерската кариера со Сити на гостување во Ливерпул. Полни 17 години Манчестер Сити не успеваше да ги победи Редсите на Енфилд. Речиси пет години Гвардиола чекаше да го победи Ливерпул во нивната куќа. Моментот не можеше да биде подобар. Граѓаните и дефинитивно ги уништи и последните надежи на Ливерпул да го одбрани тронот. И сеге се донесе во предворјето на нова титула.

Има тука уште лична сатисфакција за каталонскиот стручнак. Јирген Клоп досега беше единствен голем тренер против кој имаше негативен биланс, а биле ривали барем десетина пати. Сега скорот е израмнет. Имаат по девет победи двајцата со три реми. Дури и кога Гвардиола во Германија водеше дупло посилен Баерн од Борусија на Клоп, билансот беше нерешен. Потоа Германецот издоминира кога патувите им се вкрстија на Остворот и во еден момент имаше пет победи наспроти една на Гвардиола. Во последните три години Каталонецот победуваше четири пати, Германецот само еднаш.

Не е ни чудно што Пеп блескаше од среќа после вечерашната победа.

„Вечерва ќе славиме, но веќе утре ќе бидеме со двете нозе на земја бидејќи никој никогаш не освоил во февруари. Затоа не сакам да ја предвидувам иднината, но можам да ветам дека уште повеќе ќе работиме. Многу сум благодарем на моите играчи бидејќи бевме брилијантни и не можам да ви опишам колку сум среќен. Многу е важно за Манчестер Сити дека дојдовме овде и конечно победивме“, рече Гвардиола.

Презадоволен е како неговиот тим изгледаше вечерва.

„Почнавме многу, многу добро и го направивме тоа што сакавме. Многу имаше емоција на теренот бидејќи многу работи се случуваа. Гундоган промаши пенал, а во второто полувреме многу добро реагиравме на примениот гол и на начин на кој игравме направивме разлика. Долго време не успевавме да победиме овде и се надевам дека следниот пат ќе успееме со навивачи бидејќи Енфилд без нив е многу чуден“.

Уште еден промашен пенал сепак откри камен во чевлите на тренерот на Сити. Од седум досудени пенали, Сити ова сезона промаши дури три: Де Брујне, Стерлинг и Гундоган.

„Очигледно е дека го имаме тој проблем. Не смееме да промашуваме пенали во важни моменти. Можеби да размислам за голманот Едерсон. Тој може да изведе пенал следен пенал“.

Посебно го пофали младиот Фил Фоден.

„Фоден е момче кое многу добро ја чува топката.  Знаевме дека е огромен талент што се виде кај акцијата за вториот и четвртиот гол. И понатака е многу млад и се надевам дека е свесен дека мора уште да напредува“.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал