Следете нè на:

Фудбал

Хакан на 7 ноември ќе игра против Милан а навивачите до тогаш нема да му ја заборават синоќешната изјава

  • 126 прегледи

Актуелниот шампион на Италија воодушеви синоќа со својата игра против Џенова и заслужено славеше. Иако многу се сомневаа дека Интер нема да се бори за самиот врв бидејќи продадоа неколку првотимци синоќа играчите на овој тим го покажаа спротивното.

Интер успеа да доведе неколку одлични засилувања, а пред се синоќа се истакнаа Хакан Чалханоглу и Един Џеко кои постигнаа по еден погодок и запишаа уште по една асистенција.

Чалханоглу претходната сезона играше во дресот на градскиот ривал Милан, по што му истече договорот потпиша за Интер.

Турскиот репрезентативец доби голем аплауз синоќа од навивачите, а со својата игра го оправда епитетот големо засилување.

По натпреварот Чалханоглу даде интересна изјава која ги налути навивачите на Милан. Тој изјави дека лесно е да се игра во екипа како Интер кога имаш такви квалитетни играчи, а многу тоа го сфатија како омаловажување на неговата поранешна екипа.

„Бев смирен пред натпреварот и знаев дека навивачите очекуваат да покажам зошто сум тука. Вредно тренирав 45 дена и максимално сум спремен за сезоната. Ја почнавме одлично сезоната и среќен сум поради тоа“, рече Чалханоглу и продолжи:

„Благодарам на ваквото добродојде. Сакав да го дадам најдоброто од себе вечерва и успеав во тоа. Знам дека и шефот Инзаги очекува да постигнувам голови и ќе го направам се за тоа да го оправдам и навивачите да бидат среќни“.

„Ние сме одлична група на играчи и лесно е да играш со играчи со ваков квалитет. Се забавувавме во овој натпревар, одигравме многу добро и се надевам дека ќе продолжиме во исто темпо“.

Милан и Интер ќе го играат големото дерби на Сан Сиро на 7 ноември и сигурно дека Чалханоглу нема да биде баш најдобро дочекан поради својата синоќешна изјава што навивачите на поранешниот клуб веќе му порачаа на друштвените мрежи.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал