Следете нè на:

Фудбал

„Халанд може да си го дозволат 14 клубови“

  • 40 прегледи

Еден од најпознатите фудбалски агенти Мино Раиола разговараше во текот на минатиот месец со неколку клубови и им предочи колку пари се потребни за во своите редови да го имаат еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и неговата златна кокошка Ерлинг Халанд.

Италијанецот во таа прилика не даваше изјави, но затоа се огласи неколку недели подоцна и јасно порача дека секој од 14 клубови што се распрашуваа за Норвежанецот можат да си го дозволат.

Но за почеток – дали Дортмунд воопшто сака да го продаде ова лето?

Тие веќе се изјаснаа, рекоа дека не сакаат. Но ќе видиме дали истиот став ќе биде и во текот на јули, август“, рече Раиола во разговор за АС.

„Ако се укаже добра прилика ќе ги ставиме сите опции на маса. Ако сите сите бидат среќни и задоволни со условите“.

Прочуениот агент се труди да избоксуваа што подобри услови за својот клиент, со самото тоа и поголем процент за себе, меѓутоа тврди дека за Халанд парите не се приоритет и дека нема да биде тоа приоритет при одбирањето на новиот клуб.

„Халанд го интересираат само две работи, да дава голови и да освојува титули. Тој е нешто како Ибрахимовиќ или Роналдо. Головите се негова опсесија. И трофеи, нормално. Ќе го одбере клубот во кој двете работи се може да одат заедно“.

Реал, Барселона?

„Многу е тешко да се одбијат кога по вас дојдат такви клубови, со толку историја и влијание. На нив е навистина тешко да се каже не“.

Тука се и останатите клубови, не толку големи, но сосема доволно богати за да можат да сонуваат за Халанд.

„Пари Сен Жермен влегува во таа група, Сити исто така, Јувентус отсекогаш беше тука. Важна е и лигата во која одреден клуб игра. ПСЖ вотаа смисла е во најтешка позиција, бидејќи игра во најслаба лига од овие пет најголеми. Баерн игра во атрактивен шампионат, но и полесно победува. Во Шпанија има три клубови со сериозни шанси да освојат титула“.

Конечно, Рајола ја прокоментира лошата финансиска состојба во повеќето клубови …

„Не знам дали Реал може да си го дозволи Ерлинг, не ѕиркав во деловните книги. Мое мислење е дека може. Всушност, мислам дека сите можат да го дозволат. Сите 14 големи клубови го сакаат и сите може да го платат. На нас е да ја одбереме најдобрата опција“, заклучи Мино Раиола.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал