Следете нè на:

Фудбал

Хоророт на Фати нема крај!

  • 29 прегледи

Неверојатно.

Сега е потполно јасно дека и во лекарскиот тим на Барселона нешто не функционира, после Филипе Кутињо, и Ансу Фати ќе мора на ЧЕТВРТА операција на коленото.

Ансу Фати повреда на менискусот ја доживеа на 7 ноември против Бетис и тогаш му е предвидена пауза до април. Меѓутоа, опорувањето се закомплицира во во јануари, а потоа во текот на март и тој мораше на нови операции.

Планот беше за Фати на крајот од април да почне со посилни тренинзи, но неговото колено не покажа позитивни знаци и денеска се појави информација дека може на уште една операција.

Сега дури не е ни проблем што ова сезона за него е завршена, одамна се знаеше дека нема да игра ни на Европско првенство, веќе како се ова ќе влијае на негово целосно опоравување.

Повреда на менискусот е специфична, а лекарите и во текот на неговото опоравување биле во поделено мислење, бидејќи Фати е млад и поради тоа одлучил да не го отстрани менискусот, па работите повторно се закомплицираа. На долгорочен план, Фати може да биде во проблеми и поради тоа е спремен сега да паузира и да направи се што е потребно како никогаш повеќе да не има проблем со истото колено.

Нажалост, се ова може да влијае на него и на менталиот план, после повеќе операции и повеќемесечна пауза, на играчите влева страв и потребно е многу време да се врати во формата и да ја врати психолошката стабилност.

Oва е голема штета за еден 18-годишен, кој експлодираше и во дресот на репрезентацијата, а пред повредата беше најдобар играч на Барселона со Лео Меси.

Нема сомнеж дека ќе значеше и на Барса во борба за титула, но и на Шпанија на Европското првенство.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал