Следете нè на:

Фудбал

Ибра инсистира, Милан доведува шпиц?

  • 1602 прегледи

Дали ќе видиме трансфер?

Ова лето ќе донесе вистинска трансфер сага околу Душан Влаховиќ, бидејќи Србинот ги полни мрежите, постигна шест голови во последните три натпревари, 15 во првенството.

Се се промени откако поранешниот тренер Прандели му укажа шанса, па во Италија секој ден се зборува за Влаховиќ.

Ако не го продолжи договорот, Србинот ќе биде продаден, само цена од 60 милиони колку што ја бара Фиорентина е претерана.

Можат да добијат 40, Милан, Рома и Интер го сакаат некогашниот фудбалер на Партизан, но италијанските клубови можат да платат помалку од англиските, за кој не би било проблем да издвојат пари.

Што се однесува до самиот Влаховиќ, тој чека, сака да порасне во сенка на Ибрахимовиќ во Милан наредната сезона, Швеѓанецот му е идол и сигурно дека во Милан ќе добива шанса.

Важно е да оди некаде каде ќе игра, да има пристојна минутажа,  случајот со Лука Јовиќ е опомена. Во Милан преговарале во Рамадани, се верува како што пишува „Кориере Дело Спорт„, дека доволно ќе биде повикот од Ибра за да реши, многу поголем проблем е Фиорентина.

Но, ни тие немаат простор за маневар, ако Србинот реши да не го продолжи договорот.

Инаку, италијанските медиуми пишуваат дека Влаховиќ е втор најефикасен млад напаѓач во Европа, во петте лиги.

Имено, од фудбалерите родени во овој век, односно после 2000 година, само Халанд постигна повеќе голови, 21, Влаховиќ е втор со 15, позади нив е Кеан, Давид од Лил, Исак од Реал Сосиедад.

Колку е тешко да се постигнуваат голови во Италија отколку во Германија да не зборуваме, но Халанд се докажа во европските купови, тоа е основната разлика.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал