Следете нè на:

Фудбал

Историја? „Сенаторите“ Буфон и Кјелини заминуваат, ова се понудите што ги имаат!

  • 57 прегледи

Дали ова лето завршува? Двајцата имаат желба да продолжат да бидат на теренот …

Ова треба да биде лето на големи промени. Резултатскиот неуспех во Лига на шампионите, но пред се загубата на титулата ќе значи веројатно и нова страница во историјата на Јувентус.

Џанлуиџи Буфон повторно ќе го напушти клубот, претходно замина во ПСЖ, но нема да се повлече. Иако има 43 години, по многумина најдобар голман на сите времиња сака и понатака да брани.

Се споменува Аталанта, но наводно иднината на Буфон е надвор од Италија. Цели клуб кој ќе игра во Лига на шампионите, со некои веќе преговара. Речиси да не постојат шанси да остане во Јувнетус, дури и ако дојде Донарума од Милан, Буфон не сака да седи на клупа.

Опции?

Олимпијакос, Галатасарај, Ајнтрахт Франкфурт, Динамо Киев и Спортинг од Лисабон. Поголем дел од овие клубови се во Лига на шампионите, Ајнтрахт е блиску, Галатасарај има шанси, во секој случај Буфон сака да брани во највисока сцена.

Што се однесува до Кјелини, наводно, ако остане Паратичи сака да го подмлади ростерот, капитенот заминува. Го чека Јувентус, но нема понуди за продолжување. Пирло избегна одговор за иднината на некогашниот капитен, тренерот ни самиот не знае што се случува со клупата, многу има опции и мала веројатност да остане.

„Зборувам со Киелини секој ден, но не за иднината, многу поважна ни е сегашноста“, рече Пирло кој сигурно добива отказ ако не се пласира во Лига на шампионите, а мали се шансите да остане и со место во топ 4.

Кјелини има порака од МЛС и арапските земји, тој планира да одигра уште неколку сезони, повеќе го привлекува место директор отколку на клупа. За разлика од поголем дел од фудбалерите, тој заврши економија, сака да управува со финансии, но помалку е заинтересиран за спортски директор и посакува управувачко место во Јувентус на крајот од кариерата. Но, како што рековме, сака да игра уште неколку години.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал