Следете нè на:

Фудбал

Извинување на Звезда до Ибрахимовиќ: Ќе го најдеме примитивниот поединец

  • 96 прегледи

Убав гест на Црвена звезда.

Навреди на сметка на Златан Обрахимовиќ и господски одговор на Црвена звезда, која одма се огради од засега непознат поединец, кој на национална основа го навредуваше Швеѓанецот со потекло од БиХ затоа што  славеше погодок на натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“.

„Црвена звезда најоштро ги осудува навредливите повици кон Златан Ибрахимовиќ во текот на синоќешниот меч со Милан. Како клуб направивме се за организацијата на мечот да биде на ниво на два големи клубови и нема да дозволиме за еден примитивен поединец да фрли дамка на традиционалното познато гостопримливост на нашата земја и нашиот народ“, се истакнува во соопштението на Звезда.

Сепак, не е откриено кој е точно човекот кој го навредуваше Ибрахимовиќ, но се нагласува дека клубот ќе се потруди и тоа да се дознае.

„Црвена звезда во соработка со надлежните органи ќе го пронајде споменатиот поединец и ќе инсистира да ги сноси сите последици од таквото однесување.

Црвена звезда најискрено се извинува на Златан Ибрахимовиќ поради непријатностите кој ги доживеа во нашата куќа. Нашиот клуб по старите српски адети секогаш беше добар домаќин и тоа е познато во цела Европа и така ќе остане во иднина бидејќи никогаш вакви испади нема да ги толерираме“

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал