Следете нè на:

Фудбал

Јувентус подготвува реконструкција на тимот, три имиња во фокус

  • 43 прегледи

Ќе биде интересно во Торино.

Разочарувачката сезона во Јувентус ги натера челниците луѓе во Торино за и пред завршување да ги засукат ракавите и да се запонимаваат со прашањето како ќе изгледа тимот од лето.

Клучна работа ќе биде задржување на двајца најдобри фудбалери, Кристијано Роналдо и Пауло Дибала. На двајцата договорите истекуваат на лето 2022, што значи дека наскоро ќе влезат во последната година од договорот.

Како што може да се слушне, Дибала во овој момент е расположен за продолжување на соработката, додека се поголеми се шпекулациите за Роналдо после три години да може да ја промени средината.

Договорите на лето истекуваат на Џанлуиџи Буфон, Џорџо Киелини и  позајмениот фудбалер од мадридски Атлетико Алваро Мората, додека од наредната сезона во завршна година од договорите се, освен Дибала и Роналдо, ќе влезат и Хуан Квадрадо и Федерико Бернардески.

Кога се работи за доаѓања, нема сомнеж дека може да очекуваме жешко лето во Торино, а последен во низата се појави името на левито бек на Манчестер Јунајтед Алекс Тељеш, кој не ги задоволи критериумите од доаѓањето од Порто на почетокот од октомври.

Тељеш во финишот на летниот преоден рок во минатата година стигна во Јунајтед од Порто, со репутација на еден од подобрите леви бекови на пазарот, но поголем дел од сеоната беше во втор план на Лук Шо.

Како што може да се слушне, сопственикот на клубот Ањели и спортскиот директор Павел Недвед се усогласија дека Тељеш би бил вистински избор за лев бек, бидејќи Јувентус на таа позиција нема врвно име.

Предноста на Тељеш е што може да игра на двете позиции покрај левата аут –линија, повлечен, но и како крило.

Веќе долго време е на радарот на Јувентус и фудбалерот на Пари Сен Жермен Јулијан Дракслер, кој за помалку од два месеци му истекува договорот на Паркот на Принцевите и се е извесно дека нема да го продолжи.

Око на германскиот фудбалер фрлија уште неколку клубови, но Јувентус важи за сериозен кандидат.

Во последно време се споменува и можноста за нова трампа со Барселона, после што во летото го направија со Артур Мело и Миралем Пјаниќ.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал