Следете нè на:

Фудбал

Како ќе изгледа новиот Милан? Кои се на листата на желби кај Малдини?

  • 5423 прегледи

„Росонерите“ се надеваат на враќање во елитата, што е планот?

Милан ќе купува напаѓач. Изгледа дека Марио Манџукиќ нема време да ги увери дека заслужува шанса, Ибра е во години, ако се пласираат во Лига на шампионите ќе им биде потребна алтернатива.

Прво име е Душан Влаховиќ, но Фиорентина бара огромни 40 милиони евра. Србинот сега е во застој во преговорите со „Виолетовите“ кои порано не сакаа да ги исполнат неговите услуги, тој има само 21 година, даде 12 голови во 27 мечеви и секако е прва желба на Малдини.

Сличен е Ибрахимовиќ, себе се вика „Српски Ибра“, па може да порасне со ментор.

Алтернатива е Гало Белоти, „Пеачот“ има уште година дена од договорот со Торино, сега постои проблем, ако испаднат, сигурно после шест години ќе замине од „Биковите“. Но, Урбано Каиро преферира да го продаде на англиските клубови кои можат да понудат повеќе отколку Милан.

Освен споменатиот тандем, нешто помалку веројатни мети се пулените на Раиола, Боаду и Мален.

Првиот е играч на АЗ Алкмар, вториот на ПСВ Ајндховен. Пиоли смета дека му се потребни искусни играчи, но и некој како Одсон Едуард поранешен играч на ПСВ кој игра за Селтик. Тој има 22 години, даде 16 голови во шкотскиот шампионат. Милан мора да купува напаѓач, а кој ќе биде, зависи од финансиите, но и продажбите.

Што се однесува до останатите мети во тимот, Влашиќ останува мета, тој е офанзивен играч за врска, Милан сака да ги откупи Томори од Челси, Далот од Јунајтед, а се чека одлуката на Донарума.

 Во овој момент нема договор, негова желба е да остане, но се прашува и Раиола. Ако замине, Хуан Мусо од Удинезе е прва мета, но во клубот се надеваат дека одличниот голман сепак ќе остане.

Сега за Милан е најважно да обезбеди враќање во Лига на шампионите, тешко дека до титулата, чекаат кикс на Интер, но сезоната ќе биде одлична ако конечно, после осум години се појават во европската елита.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал