Следете нè на:

Фудбал

Кин ги поддржува навивачите: Ова е само почеток!

  • 31 прегледи

Во емисијата на Скај Спорт за одложувањето на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул што беше предизвикано од упадот на домашните навивачи на „Олд Трафорд“ зборуваа Гери Невил и Рој Кин.

„Разочаран сум што натпревар нема да има, сите сме. Навивачи на Јунајтед има многу, целосно ги разбирам и ги поддржувам. Се беше мирно, пролетаа неколку шишина и бакљи, да бидам искрен ги фрлија на Џејми (Карагер). Го прават ова затоа што го сакаат клубот. Не се работи само за последните неколку недели или Суперлигата, тоа незадоволство се таложи со години“, рече Кин.

„Раководството на клубот не е доволно добро. Тие мислат се во тоа да заработат пари. Верувам дека навивачите го работат ова со љубон кон клубот. Понекогаш мора вакво нешто луѓето ширум светот да видат. Се надевам дека сопствениците сфаќаат дека навивачите се крајно сериозни“, продолжи Кин и заклучи:

„Ова е само почеток. Ви гарантирам!“.

Размислувањето на Невил во принцип е исто, со ситни разлики бидејќи тој верува дека одлуката за Суперлигата всушност била иницијална каписла за се што се случува во последно време:

„Ова е последица од акцијата која ја презедоа сопствениците на Манчестрер Јунајтед пред две недели. Генерално од порано постојат несогласувања со сопствениците, но навивачите не протестираа пред две или три недели. Џоел Глејзер изјави дека сака повторно да изгради доверба, како кога никогаш немал доверба од навивачите“, рече Невил.

Дека се помина мирно тврдат и Гери Невил, Џејми Карагер и Мика Ричардс кои беа присустни во времето на упадот на навивачите на Олд Трафорд.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал