Следете нè на:

Фудбал

Клоп, Гвардиола и Артета внимателни, главната летна мета сака трансфер!

  • 42 прегледи

Вистинска замена за Вајндалдум кој заминува.

Сити ја пропушти шансата за да ја официјализира титулата, Ливерпул математички има шанса за пласман во ЛШ, од друга страна Арсенал се бори за позиција седум во наредните три кола. Пласман во ЛЕ можеби ќе биде и неочекуван успех за „Топџиите“ со оглед дека поголем дел од сезоната го помина околу десеттото место.

Сите три тима имат приоритетна желба за во текот на летниот преоден рок, а тоа е средината на теренот.

На Клоп му заминува Вајналдум. Холанѓанецот беше одличен во тимот на „Редсите“, но повик од Куман да му се придружи воБарса по истекот на договорот  е голем.

Од друга страна Арсенал го доведе Парти, но Ганецот во неколку наврати пропушти важни мечеви поради повреда. Познато е дека Гвардиола бара замена за Фернандињо.

Англиските медуми пишуваат дека сите три клуба го сакаат Бисума од Брајтон.

Одличниот играч за врска е свесен за интересот, наводно и поднесе барање за разделба со „галебите“. 24-годишниот  на AMEX стадионот стигна од Лил во лето 2018 година за сума од 15 милиони фунти плус бонуси.

Јасно е дека наредниот трансфер ќе биде најмалку дупло поголем, засега се дава предност на Ливерпул. Англичаните наменуваат дека самиот Клоп веќе некое време е вклучен во трансферот, Германецот смета дека Бисума одговра и физички, но и психички на неговиот систем на игра.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал