Следете нè на:

Фудбал

Лион официјализира напаѓач – Стигна замената за Депај!

  • 154 прегледи

Шаќири потпиша на три години.

Лион ова лето се поздрави со Депај, па беше во потрага за напаѓач и го најде во Ливерпул. Швајцарскиот фудбалер Жердан Шакири е нов играч на Лион, потврди денеска клубот. Ливерпул и Лион се договорија пред неколку дена околу продажбата на фудбалерот, а денеска трансферот е официјализиран.

Лион за Шакири ќе мора да плати 9.5 милиони фунти, односно околу 10.5 милиони евра, пренесе Скај Спорт.

Шакири во Ливерпул стигна во 2018 година од Стоук за 13 милиони фунти (14 милиони евра).

Во текот на трите сезони Швајцарецот одигра за Ливерпул 45 мечеви во Премиер лигата. Фудбалерот со Ливерпул ја освои Премиер лигата, Лига на шампионите и Супер купот на Европа.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал