Следете нè на:

Фудбал

Ливерпул подготвува за целосна реконструкција на нападот – Нов Каи Хаверц влог за иднината?

  • 84 прегледи

Нова бундеслигашка сензација.

Управата на Ливерпул планира да ги зголеми паричните средства на тренерот Јирген Клоп со цел тимот да се освежи и повторно да биде конкурентен во Премиерлигата и во Европа.

Иднината на напаѓачкото трио на Ливерпул, кое ги вклучува Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане, повеќе не е така светла во овој клуб.

Бразилецот и Сенегалецот потфрлија ова сезона, во конкретна смисла, за разлика од Салах кој е убедливо најдобар стрелец на екипата, така што вратата за заминување би можела да биде отворена за било кој од нив.

Ни со Салах не е „чиста ситуацијата“. Како што и самиот неодамна призна, управата се уште не разговарале со него во врска со идните чекори, па неговиот статус засега „виси во воздух“.

Шпекулациите од Островот повторно се интензивираа во врска со интересот на Ливерпул за Џајдон Санчо, но се претпоставува дека неговото доаѓање ќе биде условено со продажба на еден од тројцата споменати напаѓачи.

Диого Жота покажа дека е вистинско засилување, финишер каков беше потребен на екипата на Јирген Клоп и кој ова сезона игра исклучително добро, додека беше здрав.

Тој треба да биде носител на нападот во иднината, а освен Санчо, кој би му правел друштво на крило, се споменува и нов Кај Хаверц.

Во прашање е уште еден бисер од Баер Ливеркузен – Флоријан Вирц – наведува  „Ливерпул ехо“. Офанзивец, кој најдобро се снаоѓа во улога позади најистурениот фудбалер на екипата, може да покрива и позиција крило.

Тоа што на Ливерпул може да направи проблем, е неговата цена, бидејќи пред неколку дена потпиша договор со Баер до 2026 година, кој сакаше да ги избрка заинтересираните клубови за вториот најмлад стрелец во историјата на Бундеслигата.

Можеби „црвените“ сепак ќе се свртат кон својот дом доколку утврдат дека „Вирц“ е недостижен“ и во првиот тим да вклучат еден од најталентираните англиски млади фудбалери.

Се работи за Харви Елиот, кој во минатото лето го испратија на позајмица во Блекбурн, а со своите 18 години, таму буквално блеска. Одигра дури 40 натпревари во Чемпиошип ова сезона и имаше учинок од шест погодоци и 11 асистенции.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал