Следете нè на:

Фудбал

Малдини преговара во Мадрид, на „Сан Сиро„ стигнува миленик на Зидан?

  • 2065 прегледи

Време е да го напушти својот детски сон.

Лукас Васкез го сакаат многу.

29-годишниот Шпанец останува без договор на крајот на сезоната а Мадриѓаните не се расположени да му дадат подобра понуда од моменталните шест милиони по сезона.

За универзалецот владее голем интерес. Васкез е желба на Баерн Минхен, Челси и Манчестер Јунајтед.

А италијанските медиуми пренесоа дека Малдини веќе изврши и првите разговори со агентот на Шпанецот.

Милан нема ни да ги израмни досегашните примања на академикот на Реал.

„Росонерите“ нудат четири милиони евра годишно, единствено Ибрахимовиќ и Донарума засега примаат повеќе.

Тоа што можат да понудат на Шпанецот е поголема минутажа, а се очекува да има минути и во Лига на шампионите наредната сезона.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал