Следете нè на:

Фудбал

Матераци: Го почитувам Милан, но ако заминете надвор од Италија…

  • 2180 прегледи

Некогашниот дефанзивец на Интер Марко Матераци го искоментира новото лого на Интер.

Интер денеска го претстави новото, редизајнирано и поедноставно лого со што овој тим ќе влезе во нова ера во својата историја.

„Ова е обнова со стил и изразување, нешто што ќе помогне на клубот да отвори ново перспективи: иновација, страст и исклучок се вредностите кои се обликувани во овој пат. Новото лого ја задржува вредноста на Интер додека истовреме се фокусира на само две елементи: И за Интернационале и М за Милано“, објавија од Интер.

Логото не се допадна на сите, имаше и доста критики, а легендата на Нероаѕурите Матераци исто така даде коментар на големите визуелни промени на заштитниот знак на клубот.

„Новото лого на Интер го отелотворува духот на прата екипа во Милано. Го почитувам Милан кој толку направи во Европа, но кога ќе заминете надвор од Италија, градот Милано го претставува Интер“, рече Матераци, кој неодамна се „закачи“ со легендата на Јувентус Павел Недвед со тоа сака да ја докаже величината на клубот з1а кој играше и со кој ја освои Серија А и купот и Лига на шампионите.

Изјавата на Матераци сосема сигурно ќе предизвика бројни реакции на навивачтие и членовите на градскиот ривал Милан.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал