Следете нè на:

Фудбал

Милан бара резерва за Тео, четири имиња на списокот на Малдини

  • 1987 прегледи

Росонерите ги интересира Матијас Виња, Џордан Амава, Јаго и Нуно Мендеш.

После Суалихо Меите, Марио Манџукиќ и Фикајо Амави, Милан, односно нивниот спортски директор е решен да го затвори зимскиот преоден рок со четврто засилување и тоа на позиција лев бек. Бараа Росонерите заеднички јазик со Барселона околу потенцијално ангажирање на Жуниор Фирпо, а кога не го пронајдоа, тргнаа во правец за Германија, Франција, Португалија, па дури  и во далечниот Бразил.

Нова листа на момци кои во вториот дел од сезоната можат за барем малку да го скинат теретот од грбот на засега неуморниот Тео Ернандез го содржи покерот на имиња – Матиас Виња од Палмеирас, Јаго од Аугзбург, Џордан Амави од Марсеј и Нуно Мендеш од Спортинг.

Тео Ернандез за две сезони на Сан Сиро се профилира како еден од најквалитетните леви бекови во Европа. Во актуелната има 16 настапи во Серија А, четири голови, три асистенции и епитет за еден од клучните фудбалери за секоја во која во црвено-црниот дел од Градот на модата не памети цела деценија. Кој од погоре споменатите да биде избран и евентуално да потпише, мора да има во глава дека доаѓа да биде резерва.

Потенцијални мети на лидерот во Серија А воглавно играат стандардно во своите клубови, со тоа што Амави ги пропушти последните шест натпревари во Марсеј поради повреда на мускулот. Французинот ова сезона собра девет настапи и постигна еден гол. Можеби токму повредата може да биде аргумент против кога ќе паѓа конечната одлука.

Следен е Јаго, фудбалер на Агзбург кој во ова сезона може да се бори за опстанок во Бундеслигата. Во првата сезона по доаѓањето во германската елита за 6.5 милиони евра од Интернасионал одигра 10 натпревари и запиша по гол и асистенција. Ова сезона веќе има 12 настапи, а заслужен е за еден погодок и две асистенции.

Кога се работи за тинејџерот од Спортинг Нуно Мендеш, прашање е колку тимот со шампионски амбиции кој во ова сезона не знае за првенствен пораз ќе биде заинтересиран за на полусезона да продаде или позајми стандарден лев бек. Мендеш, како целата екипа на Лавовите игра одлично, забележа 12 настапи и во тој период Спортинг дури седум пати успеа да ја сочува мрежата, талентираниот 18-годишен постигна и гол.

За крај, тука е Матијас Вина кој се препорача со одличното издание во Либертадорес, како и стандардните партии во Бразилерао. Голот со глава на Ривер Плејт во првиот дуел од полуфиналето на континенталните смотри несомнено му го подигна реномето, но и порано, па дури и настапуваше за уругвајски Насионал, беше јасно дека Виња подеднакво добро умее и да постигнува и да мести голови.

Момчето со слични карактеристики како Ернандез во Либертадорес забележа два погодоци и три асистенции на 11 натпревари, а за недела дена го очекува финале против Сантос. Со нова квалитетна партија и евентуален шампионска титула, ценатa која моментално според специјализираниот сајт Трансфермаркет изнесува 4 милиони евра може дополнително да расте.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал