Следете нè на:

Фудбал

Милан договори трансфер што ќе ги здрма Апенините, играчот веќе се согласи на договорот

  • 885 прегледи

Милан наскоро треба да го официјализира доаѓањето на Пјетро Пелегри од Монако, но се чини дека летниот преоден рок за Милан се уште не е завршен.

Пелегри вчера допатува во Милано каде ги успешно ги помина лекарските прегледи, сега очекуваме само официјализирање на договорот за негово доаѓање од Монако на позајмица.

Меѓутоа, се чини дека на Сан Сиро не ги завршија засилувањата и дека тие најдобрите ги оставаат за  самиот крај на преодниот рок.

Пред неколку дена се појави информација дека Милан сака да го доведе Бернардо Силва од Манчестер Сити, но се чини дека Португалецот навистина може својата кариера да ја продолжи во дресот на италијанскиот клуб.

Ла Газета дело Спорт објави вчера дека Милан веќе испрати понуда од 60 милиони евра на адреса на Граѓаните, дека се очекува таа да биде прифатена.

Исто така, објавено е дека Бернардо Силва веќе ги договорил своите услови со Росонерите, дека само се чека Пеп Гвардиола и челниците на Сити да прифатат на негово заминување.

Сити нема ништо против продажба на овој фудбалер бидејќи со тоа сака да заработат дополнителни пари кои ќе ги вложат со цел да пробаат на самиот финиш од преодниот рок да го доведат Хари Кејн од Тотенхем.

Овој 27-годишен Португалец стигна во Сити пред четири години од Монако за 50 милиони евра, а има договор до лето 2025 година.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал