Следете нè на:

Фудбал

Милан подготвува бомба на лето, дали ќе го остварат сонот?

  • 2594 прегледи

Холанѓанин е голема желба.

Најдобриот фудбалер на Лион Мемфис Депај е голема желба на раководството на Милан кој гледа шанса за тоа што на холандскиот играч за врска на лето истекува договорот, пренесува Кориере дела Сера.

Ангажирање на напаѓач е „приоритет“ на Росонерите за наредната сезона, без оглед на тоа што договорот на Ибрахимовиќ ќе биде продолжен.

Во Милан се свесни дека времето на шведскиот фудбалер поминува и дека во наредната сезона ќе биде клучна за созревање на неговиот наследник, со помош токму од Ибра.

На „Сан Сиро„“ веќе направија список од потенцијални напаѓачи, а тука се и Џанлука Скамака, Андреа Белоти, Душан Влаховиќ и Донел Мален, но ангажирање на Депај го засени споменатиот квартет.

Проблем што за поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед интерес веќе долго време покажуваат Јувентус и Барселона, кои во моментов се попредизвикувачки и поатрактивни клубови од Милан.

Депај ова сезона постигна 18 голови на 34 натпревари за „лавовите“, а во такви години потребен му треба нов предизвик.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал