Следете нè на:

Фудбал

Милан се реши од уште едно скапо промашување од црното лето 2017: И повторно загуби доста пари

  • 3794 прегледи

Росонерите го испратија десниот бек во Парма.

Преодниот рок во 2017 година требаше да биде пресвртница за Милан и враќање на стазите на стара слава.

Тогашните кинески сопственици позајмија огромни пари кои ги дадоа на располагање на директорскиот тандем Мирабели – Фасоне да го создадат Милан кој ќе се врати во Лига на шампионите и повторно ќе се бори за трофеј.

Епилогот беше страшен.

Милан потроши преку 245 милиони евра на засилувања и речиси сите промашувања. Единствен погодок беше Франк Кеси кој чинеше 32 милиони евра, а на крајот се испостави дека вредеше и вложените 23.3 милиони евра во Хакан Чалханоглу иако Росонерите долго чекаа да се разигра.

Сите останати засилувања од тој преоден рок беа промашувања.

Фабио Борини е платен 6 милиони евра, отиде за џабе.

Рикардо Родригез дојде од Волфсбург за 15 милиони евра, а Милан од него на крајот извлече 4 милиони евра на основ на позајмица ио продажба.

Матео Мусакио дојде од Виљареал за 15 милиони евра, а наредното лето заминува за џабе.

Лукас Биља дојде од Лацио за 19.7 милиони евра, а замина за џабе.

Никола Калиниќ е платен 27.5 милиони евра, а замина во Атлетико за 14.5 милиони евра.

Андре Силва е купен од Порто за 38 милиони евра, а Милан од него на крајот инкасираше 6.8 милиони евра.

Леонардо Бонучи е платен на Јувентус 42 милиони евра, а се врати во Торино за 35 милиони евра.

А денеска Милан се реши од уште едно промашување од лето 2017 година. Десниот бек Андреа Конти се поздрави од соиграчите, го испрати Милан на Инстаграм и се упати кон Парма каде што чекаат лекарски прегледи и потпис на договор.

Конти во Милан дојде за 24 милиони евра, а заминува на бесплатна позајмица која поминува во задолжителен откуп на договорот од 7 милиони евра ако Парма избори опстанок. Значи, Росонерите и на него многу ќе загубат. Можеби дури и се ако Парма испадне.

Конти во тој момент беше најталентиран десен бек во Серија А, го бараа речиси сите големи клубови во Серија А, но го избра Милан. Требаше да биде долгогодишно решение на десната страна. Немаше среќа во Милан. После два натпревари во црвено-црниот дрес доживеа тешка повреда на коленото која подоцна ја обнови и ја пропушти цела сезона.

Целосно се опорави дури после година и пол дена, но младиот Давиде Калабрија тогаш веќе го презеде местото стартер. Во летото позади нас го повреди коленото па во досегашниот дел од сезоната одигра само 18 минути. Беше јасно дека е вишок во Милан покрај Калабрија и Далот и клубот му даде зелено светло да замине.

Се споменуваше Фиорентина но не достави конкретна понуда.  Единствена да ризикува со Конти беше Парма. Можеби на Тардини ќе ја оживее кариерата.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал