Следете нè на:

Фудбал

Милан со Манџукиќ и Томори, а без Хауге во ЛЕ!

  • 240 прегледи

Пријавени играчи за Лига Европа.

Норвешката сензација Јенс Петер Хауге нема да го гледаме во елиминацискиот дел од ЛЕ.

Росонерите го објавија списокот на играчи кои го пријавија до УЕФА за натпреварувањето во ЛЕ. И на тој список го нема Хауге, кој есента играше за Милан во групната фаза од натпреварувањето и постигна гол на натпреварот со Селтик.

Тренерот на италијанскиот гигант Стефано Пиоли ги лиценцираше сите тројца нови играчи, кои вотекот на зимскиот преоден рок дојдоа на Сан Сиро. Тоа се напаѓачот Марио Манџукиќ, дефанзивецот Фикајо Томори и играчот за врска Суалихо Меите.

Некој мораше да биде „жртвуван“, како што пишуваат италијанските медиуми и изборот падна на Хауге.

На спискот на Милан за ЛЕ се: Џанлуиџи Донарума, Чипријан Татарушану, Давиде Калабрија, Диого Дало, Тео Ернандез, Пјер Калулу, Симон Кјер, Фикајо Томори, Алесио Ромањоли, Исмаел Бенасер, Саму Кастиљехо, Браим Диаз, Франк Кеси, Раде Круниќ, Суалихо Меите, Алексис Салемакерс, Сандро Тонали, Хакан Чалханоглу, Златан Ибрахимовиќ, Рафаел Леао, Марио Манџукиќ.

На Б списокот, каде што се играчи под 21 години се Матео Габија и Даниел Малдини.,

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал