Следете нè на:

Фудбал

Милан со објава на Твитер ги „здрма“ Апенините: Сите одма сфатија за што се работи!

  • 2484 прегледи

Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан на почетокот на 2020 година и тоа беше полн погодок за Росонерите.

Иако има веќе 39 години Ибрахимовиќ и понатака игра во неверојатна форма, и е еден од најдобрите играчи на Милан после што се врати на Сан Сиро.

Прво потпиша договор на пола година, а после што блескаше во вториот дел од минатата сезона клубот му понуди соработка за уште ова сезона, што Златан одлучи да прифати.

Шведскиот напаѓач и ова сезона игра навистина одлично поради тоа што после пет години се врати и во репрезентацијата на Шведска.

Ибрахимовиќ има договор до крајот на ова сезона, но Росонерите сфатиле дека не смеат да го пуштат да замине ова лето.

Милан понуди на Ибрахимовиќ договор до лето 2022 година иако како што стојат работите се веќе е завршено. Росонерите на Твитер со одлична објава „навистија“ дека договорот веќе е потпишан и дека Ибрахимовиќ останува, а тоа го пренесоа и многу медиуми на Апенините.

Многу одма тоа го сфатија дека Милан на овој начин сака да даде до знаење дека Ибрахимовиќ потпиша нов договор, а официјална објава се очекува наскоро.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал