Следете нè на:

Фудбал

Милан создава моќен тим – стигнуваат две ТОП засилувања!

  • 5954 прегледи

Росонерите сакаат да го доведат на позајмица.

Фудбалерот на Челси Тимуе Бакајоко е се поблиску до враќање во Милан, поради тоа што последната рунда на преговори меѓу двете страни помина во позитивен тон, пренесуваат италијанските медиуми.

Бакајоко има договор со Челси до 2023 година, но не е во плановите кај Томас Тухел, а стручниот штаб на Стефано Пиоли со драга воља го сакаат во своите редови.

Вицешампионот на Италија, за којшто францускиот играч за врска играше во сезоната 2018/19, сакаат да го доведат на позајмица со право за откуп, но ни други опции не се исклучуваат.

Бакајоко стигна во Челси од Монако пред четири години, после одличната сезона во Кнежевството, но на Стемфорд Бриџ ни приближно не се снајде, па беше испратен на позајмици.

Додека околу Бакајоко остана уште малку околу офацијализација, од Апенинскиот полуостров стигна информација дека во Милано утре стигнува на лекарски прегледи Алесандро Флоренци, кој доаѓа на позајмица од Рома.

Флоренци минатата сезона ја помина на позајмица во ПСЖ и се очекуваше после освојувањето на ЕП да заигра во Рома кај Жозе Мурињо, но Португалецот процени дека за фул бекот нема место во тимот.

Милан не чекаше долго, преговорите со Рома одеа добро и на крајот доби одлично засилување, а навивачите утре ќе имаат посебен ден.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал