Фудбал
Милан веќе мисли на следната сезона, на чекор е играч од Франција?!
-
-
by
Panche Krsteski - 2274 прегледи

Италијанските и француските медиуми пишуваат дека фудбалерот на Марсеј покрај интересот на шпански и англиски клубови предност дава на Росонерите.
Речиси две години Милан е околу Флоријан Тован, Французинот, веќе долго време е незадоволен во Марсеј, практично во секој преоден рок се доведува во врска со европски клубови. Повторно, најчесто во прв план биле Росонерите. Меѓутоа, како финансиски не стојат најдобро, а не биле долго во Лига на шампионите, што за Тован беше приоритет при изборот на нов тим, Милан немаше карта на која можеше да одигра.
Но ова сезона работите се променија, тимот на Стефано Пиоли е есенски шампион во Италија, па иако до крајот не го подигне Скудетото, сосема е извесно дека после седум сезони Милан ќе се пласира во Лига на шампионите, што управата на Росонерите се охрабрија и ова зима да пробаат да го убедат Тован да се пресели во Милано. И како што пренесуваат поедини италијански и француски медиуми, трудот пополека се исплатува.
Имено, како што Калчомеркато и Ле10спорт пишуваат Тован покрај интересотр на неименувано шпански и англиски клубови приоритет даваат на Милан, и во наредните недели може и да потпише преддоговор со италијанскиот гигант, поради тоа што договорот со Марсеј истекува на крајот на сезоната.
Како што Калчомеркто понатака пишува, спортскиот директор Фредерик Масара пред Тован ставил четиригодишен договор тежок 2.8 милиони евра по сезона и договор меѓу двете страни е се поблиску. Тоа што може да претставува проблем за Росонерите е менаџерската провизија која би ја барале претставниците на Тован, со оглед на тоа дека Французинот стигнува како слободен играч.
Во случај ако барањата на менаџерите на тован ја расипат зделката или во некој случај Хакан Чалханоглу не го продолжи договорот, Милан во Отавио од Порто идентификуваше алтернатива. На Бразилецот исто така истекува на крајот на сезоната и веројатно би бил и полесна мета, но тешко и поголемо засилување од фудбалерот на Марсеј.



Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 5 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 5 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
