Следете нè на:

Фудбал

„Милионерите“ не сакаат милиони ова лето – Јунајтед и Челси ќе мораат да почекаат

  • 55 прегледи

Бисерот на Борусија е недопирлив.

Управата на Борусија од Дортмунд не планира ова лето да се откаже од еден од своите најталентираните фудбалери Џуд Белингам.

За разлика од Ерлинг Халанд и Џејсон Санчо, Дортмунд во претстојното лето нема да се откаже од новиот бисер за кој многу клубови веќе се распрашуваат, а најмногу интерес изразуваа Челси и Манчестер Јунајтед.

Како што наведува трансфер инсајдер Фабрицо Рамано, Белингам  е „недопирлив“ ова лето за било кој клуб, по било која цена, а потоа во следното лето може да дискутираат за неговиот потенцијален премин во нова средина.

Борусија минатото лето го украде на англиските клубови овој талент практично пред носот, со оглед на тоа дека првите професионални чекори ги направи во членот на Чемпионшип – Бирмингем.

Ова сезона одигра дури 43 натпревари и оствари учинок од по четири гола и асистенции.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал