Фудбал
Многу бура после дербито во Милано, еден човек е виновен за се!
-
-
by
Panche Krsteski - 2712 прегледи

Грешеше на двете страни.
Италијанските медиуми го критикуваа судите во големото дерби меѓу фудбалерите на Милан и Јувентус, оценувајќи дека Масимилијано Ирати со своите одлуки влијаеше на двете екипи.
Весниците Газета дело Спорт и Кориере дело Спорт го оцениле Ирати со по 4.5, додека Тутоспорт му даде четворка, за судењето во синоќешното големо дерби, кое Јувентус во Милано го доби со 3:1.
Тие спортски весници сметаат дека судијата требаше да го поништи голот на Милан поради прекршок на Чалханоглу на Адриен Рабио.
Исто така, го критикуваа и ВАР судијата Даниеле Орсато бидејќи не сугерираше на судијата да ја прегледа ситуацијата и да процени дали беше прекршок.
Воедно, тие весници наведоа дека фудбалерот на Јувентус Родриго Бентакур требаше да биде исклучен во второто полувреме поради прекршок над Саму Кастиљехо.
Ургуваецот, како што пишува, требаше да добие втор жолт картон, но тогаш ВАР не можеше да реагира, поради тоа што се користи само за можна употреба на црвен картон.
Газета и Кориера дело Спорт тврдат и дека на Милан требаше да биде досуден пенал во завршницата на натпреварот поради прекршок на Рабио на Брахим Диаз.
Јувентус синоќа го нанесе првиот пораз на Милан во Серија А ова сезона. Милан и понатака е прв на табелата со 37 бодови, додека Јувентус на четвртото место има седум бодови помалку но и натпревар помалку.


Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 5 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 5 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
