Следете нè на:

Фудбал

Мончи ја подгреа старата желба, Милан го пушта „за ситница“

  • 1565 прегледи

Шпанецот се враќа во татковината.

Фудбалерот на Милан Саму Кастиљехо е голема желба на спортскиот директор на Севиља Мончи, кој во претстојниот преоден рок го гледа како шанса да го доведе на „Рамон Санчез Писхуан“.

Шпанскиот фудбалер за Мончо беше интересен уште во периодот кога ја почна сениорската кариера во Малага, но после една сезона заврши во Виљареал.

Кастиљехо во Милан стигна во лето 2018 година за повеќе од 21 милиони евра, но за неколку три години не успеа да ги оправда очекувањата на „Сан Сиро“.

Со доаѓањето на Стефано Пиоли се зголеми неговата минутажа, но Кастиљехо не успеа да ја спроведе во дело намерата на тренерот на „росоенрите“ да стане лидер на ова екипа.

Ова сезона постигна три гола забележувајќи исто толку асистенции на 39 натпревари, а како што пренесува Калчомеркато „росонерите“ сакаат да го пуштат за 10 милиони евра две години пред истекот на договорот.

Дека на Сан Сиро сакаат да се откажат од Кастиљехо сведочи и тоа дека веќе ја пикираа замената за десно крило во вид на Рикардо Орсолини од Болоња и Џонатана Иконе од Лил.

Освен Севиља, за Кастиљехо заинтересирана е и Валенсија.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал