Следете нè на:

Фудбал

На Барса стигна кислород – 595 милиони легнаа на сметката

  • 173 прегледи

Во прашање е заем за кој се зборуваше во претходните недели.

Стигна долгоочекуваниот кислород за Барселона. Каталонскиот клуб објави дека е склучен и потпишан договор за најавениот зем земен од група меѓународни инвеститори. Да потсетиме, во прашање е инвестиција тешка вкупно 595 милиони евра која клубот од Ноу Камп ќе мора да ја врати за десет години и по доста поволна каматна стапка од .1.98 проценти.

Поголем дел од сумата (455 милиони) Барселона ќе ги користи за стабилизација на клубот и потребите што доаѓаат, додека помалата сума (140 милиони) предвидена е за рефинансирање на старите долгови.

Да потсетиме, претходната управа остави го остави каталонскиот гигант во минус од 1.2 милијарди евра, а новата доби гаранции за заемот благодарение на ТВ правата од кои клубот од Ноу Камп најмногу заработува.

Во договорот кој како финансиски советник го аминуваше глобална банкарска групација Голдамн Сакс стои и ставка дека Барселона може да добие дополнителни 70 милиони евра доколку и се потребни во иднина, но се во рамките на споменатиот десетгодишен период и со нешто поголема каматна стапка.

„Постигнат е договор кој покажува дека новата управа има доверба на финансискиот пазар и дека ќе успее засили и да го врати на вистинските стази брендот Барселона“, стои меѓу останатото во соопштението.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал