Следете нè на:

Фудбал

На Интер им требаат 200 милиони за да преживее, Сунинг е оптеретен со долг од 1.2 милијарди долари, одбиена понуда од 750 милиони евра

  • 2108 прегледи

Најновите извештаи откриваат колку навистина се длабоки проблемите во клубот.

Финансиската ситуација на Интер од ден во ден е се полоша и според најновите извештаи ако не се пронајдат значителни парични средства во најскоро време, клубот може да се соочи со драстични последици!

Такви се најавите на реномираниот весник Фајнешл Тајмс (Financial Times) кои преку добро информирани извори од светот на финансиите стигна до информација дека на Интер се потребни 200 милиони евра само за да ја преживее состојбата во која моментално се наоѓа, додека многу повеќе пари мора да влезат во касата со цел клубот да преброди.

Се наведува дека конгломерат Сунинг, кој го држи мнозинскиот дел во клубот, интезивно бара инвеститори со цел за што побрзо да дојде до финансиско паѓање и Интер да го доведе во стабилна состојба.

Причина за ваквите драстични пресврти ги влечи короната од почетокот на пандемијата од вирусот корона. Не само што практично сите извори на Интер пресушија, веќе и компанијата Сунинг во сопствеништво на фамилијата Жанг се соочена со огромни долгови во Кина.

Во прашање е сума од 1.2 милијарди долари која треба да стигна до наплата ова година. Според податоците на финансиската платформа Деалогиц, тоа е повеќе од половина од вкупниот долг на Сунинг! Компанијата базирана во Нанџунг во текот на 2020 година веќе исплати минус од неверојатни 1.5 милијарди долари, но тоа не беше доволно да се изгасни пожарот бидејќи економската приза голта се пред себе.

Токму затоа Жанг Жиндонг, сопственик на Сунинг, ги заложи акциите на својата компанија на технолошката компанија Алибаба, со цел да обезбеди средства за понатамошна работа. Се истакнува дека тоа е вообичаена пракса меѓу кинеските компании бидејќи на таков начин се овозможува непрекинато функионирашње и финансиска стабилност.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал