Следете нè на:

Фудбал

Најголем предизвик на Ибрахимовиќ: „Морав да ги разбијам тие е**ни групи, ги мразев од првиот ден

  • 123 прегледи

Со 39 години Златан Ибрахимовиќ практично помина се во кариерата. Од омилен до омразен од јунак до трагичар. И тоа по неколку пати.

Ибрахимовиќ е еден од ретките кој играше за Јувентус, Интер и Милан. Моментално член на Росонерите, а порано веќе во минатото со доста успех играше за Нероаѕурите и Бјанконерите.

Член на Интер стана во 2006 година кога стигна за 25 милиони евра. Тогашното доаѓање во Милано му претставуваше најголем предизвик во кариерата поради премногу кланови во соблекувалната на Интер.

На Меаца стигна како 25-годишен и мораше на некој начин да покаже дека е спремен да биде лидер. На крајот тоа и го направи.

„Кога дојдов во Интер сфатив дека е вистински предизвик да ги разбиваш тие е**ни мали групи. Ги мразев од прв ден. Сите тимови даваат повеќе кога има кохезија. Во Интер беше спротивно“, напиша Ибра во својата биографија.

„На претседателот Морати реков дека треба да ги разбие тие штетни кланови. Не можеме да победуваме ако соблекувалната не е соединета“.

Не беше работата што јас доаѓам од Розенгард (област во Малме) каде што без проблеми живеат заедно Турци, Југословени, Арапи. Во еден агол седат Бразилци, Аргентинци во друг, а останатите во трет. Тоа беше глупост“.

„Тоа го сфатив како свој прв тест дали ќе можам да бидам лидер. Им реков „Каква ви е тоа приказна? Зошто седите така како да сте деца“, наведе Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ тогаш и го препороди Интер кој со него во тимот зеде три Скудета. Вистина, беше тоа време кога одличната генерација на Милан беше во пад, а Јувентус само што се врати од Серија Б.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал