Следете нè на:

Фудбал

Навивачите го уценуваат Донарума: Имаш шест дена да потпишеш нов договор, голманот на Милан плачеше

  • 987 прегледи

Како што се ближи крајот од сезоната така расте тензијата на Сан Сиро. Малку поради неизвесниот пласман на Милан во Лига на шампионите, малку поради нејасниот статус на Џанлуиџи Донарума.

Голманот на Росонерите не потпиша нов договор – прашање е и дали – што ги нервира челниците, но и навивачите. Некои од нив дури пред репрезентативецот на Италија поставија ултиматум.

Неколку часа пред саботниот меч со Беневенто, каде што славеше екипата на Стефано Пиоли со 2:0, навивачите на Милан на состанокот пренесоа на Џиџи ставот дека мора да потпише договор најдоцна до 8 мај, а, доколку тоа не го направи, не смее да брани во дербито со Јувентус наредниот ден во Торино.

Како што пренесоа медиумите на Чизмата, разговорот не беше ниту малку пријатен, фановите на Милан се „истресоа“ на Донарума, паднаа и тешки зборови, а сведовите велат дека Џанлуиџи во Спортскито центар “Миланело“ се вратил плачејќи и дека тешко го поднесе тој дуел.

Особено што состанокот не беше најавен, ниту вообичаено навивачите да ги посетуваат фудбалерите на денот на натпреварот и да ја пореметуваат концетрацијата.

Клубот, наводно прво го одбил состанокот, но Донарума на него сеедно се појави, а кога сфати каков ултиматум пред него е ставен, остана разочаран од односот на раководството. Не е тешко да се претпостави дека токму притисокот на навивачите е една алатка која челниците на клубот ја користат да го придобијат младиот голман да ја продолжи соработката.

А на него договорот истекува на крајот од ова сезона и ако не го продолжи, Милан ќе биде на финансиска и играчка загуба.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал