Следете нè на:

Фудбал

Недвед демантираше веќе видено сценарио

  • 52 прегледи

Дали управата на „бјанконерите“ ќе остане зад своите зборови?

Потпретседателот на Јувентус Павел Недвед ги демантираше наводите на медиумите дека овој клуб ќе остане без Адреа Пирло и Кристијано Роналдо на крајот од сезоната.

Зборувајќи за Striscia La Notizia, некогашниот најдобар играч на планетата истакна дека клубот и понатака верува во Андреа Пирло и проектот кој го почнаа минатото лето, и покрај фактот дека резултатите, но и играта на екипата, се исклучително лоши.

„Постојат некои потешкотии и тоа е нормално. Сепак, ќе се бориме до крајот. Андреа Пирло сигурно останува, а и Роналдо исто така“, рече на кратко Недвед.

Атмосферата во Јувентус е далеку од идеална. Вчерашниот пораз од Милан ги оддалечи од Лига на шампионите. Сепак, бод во однос на четвртопласираниот Наполи не е недостижна разлика, а до крајот остануваат уште три натпревари.

Да потсетиме, веќе неколку месеци наназад се шпекулира дека Пирло ова лето ќе биде поранешен, како и тоа дека Кристијано Роналдо ќе побара друга средина.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал