Следете нè на:

Фудбал

Ни Кејн, Ни Халанд, Пеп лично преговара и лансира уште поголема бомба место Агуеро!

  • 84 прегледи

Како се ова ќе одекне.

Пеп Гвардиола лично порача дека Килијан Мбапе го сака во Манчестер Сити.

Ова вест ја пласира францускиот весник Л`Екип кој тврди дека Мбапе одеднаш падна во прв план  и дека е голема желба на менаџерот на Манчестер Сити.

Сепак, истиот извор открива и дека Мбапе не беше претерано заинтересиран, односно дека неговиот одговор беше негативен. Л`Екип за тоа не пишуваше, но не е тајна дека негов приоритет е преселба во Реал Мадрид, клуб на неговите соништа.

Л`Екип тврди дека Сити нема туку така да се откаже, дека ќе имаат пари да доведат скапоцет напаѓач, а заминувањата на Агуеро, Ерик Гарсија и Фернандињо, ќе се ослободи и платниот список.

За се да биде уште поинтересно, Мбапе на најголемата сцена го одигра својот прв голем меч токму против Сити на Пеп. Ако се сеќавате, во осминафиналето на ЛШ во сезоната 2016/17, Монако како аутсајдер го разби Сити и помина во чевртфиналето.

Во првиот меч, Сити славеше со резултат 5:3, Фалкао даде два, а Мбапе еден погодок, додека во реваншот „Кнежевците“ славеа со резултат 3:1, а сегашниот напаѓач на ПСЖ постигна исто така еден погодок.

Мбапе е пред одлука на кариерата, ПСЖ му нуди нов договор, но е свесен дека новиот договор себе ќе се „затвори“ во Париз и дека ќе му биде уште потешко да замине. Вака, ПСЖ ќе биде приморан да го продаде ова лето, во спротивно, ќе загубат многу ако во лето 2022 година замине како слободен играч.

Поради се ова наведено, Сити ќе тргне вотрка заедно со Реал, и како што стојат работите, делува дека ниеден друг клуб нема да може да парира во ова борба.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал